Повик за пријава во регистарот на EOSC Асоцијацијата
EOSC Асоцијацијата е централната точка за сите засегнати страни во EOSC како што се оние кои го финансираат истражувањето, оние кои дефинираат политики и правила, организации кои изведуваат истражувања, како и операторите на истражувачките инфраструктури. Асоцијацијата има за цел да овозможи креирање на единствен европски глас за целите на застапувањето и репрезентацијата на сите засегнати страни на заеднички начин. Таа ја потпомага комуникацијата и поврзувањето на нејзините членови и набљудувачи, надворешните сервис провајдери, истражувачките заедници и општеството во целина, се со цел да овозможи транспарентност и да ги промовира придобивките од отворената наука. Доколку саката да бидете во тек со EOSC проектите и активностите, со цел да се воспостави контакт со вас кој ќе биде согласно правилата за заштита на лични податоци и да се продлабочи соработката во иднина, EOSCАсоцијацијата ве поканува да ги пополните вашите контакт информации во нејзиниот регистар. Регистарот ќе биде отворен за пополнување се до 29ти Октомври 2021.
1 COMMENT