EOSC Future го отвора првиот RDA отворен повик
Како дел од EOSC Future проектот, Алијансата за истражувачки податоци, Research Data Alliance (RDA), го лансира првиот повик за предлози за подобрување на техничките податочни работни рамки за EOSC. Овие предлози треба да се фокусираат на одржувањето, оптимизацијата и документацијата на постојни работни рамки кои се во согласност со излезите и препораките на RDA. Оние кои сакаат да аплицираат треба да го направат тоа до 29ти Октомври 2021, 16.00 CEST преку платформата за грантови на EOSC Future. Ќе бидат доделени грантови од максимум 12.500 ЕУР за проекти кои ќе бидат активни во текот на работата на EOSC Future проектот. Ќе има и идни повици со сличен фокус кои ќе бидат отворени во 2022 и 2023.
Напишете коментар